ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТЛого-УКИМ   
  Бул.Александар Македонски бб • 1000 Скопје • тел.(02) 3135033 English   
 
на почеток


БИБЛИОТЕКА

Библиотеката при Шумарскиот факултет во Скопје датира уште од 1947 година, кога егзистирала како библиотека при Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Во 1975 година, со одделувањето на Шумарскиот факултет како самостоен, била извршена и поделба на библиотеката. Библиотеката спаѓа во редот на високошколски стручни библиотеки. Располага со стручна литература од областа на шумарството и дрвната индустрија, со книжен фонд од околу 6.000 наслови на книги и околу 900 наслови на списанија. Исто така, во библиотеката се наоѓаат и магистерските и докторските трудови, како и завршните извештаи по теми изработени од професори и асистенти, како и надворешни лица и стручни соработници, а кои се од областа на шумарството и дрвната индустрија. Библиотеката е од затворен тип и може да се користи од страна на професорите, асистентите, магистрантите, докторантите, стручните соработници и студентите на факултетот. Во склоп на библиотеката има и читална со 42 седишта. Библиотеката работи секој работен ден во текот на целата учебна година.
 
 

Лице за контакт: Савка Ацева
тел. 02/3135033 / лок.104
e-mail: saceva@sf.ukim.edu.mk

   
   
Вести, збиднувања ...



 

Студентски активности
• ДРЕН – Здружение на студентите на Шумарски факултет
• IAESTE

• Збиднувања

 

Линкови
• УКИМ
• ЈП „Македонски шуми“
• Проверка на Е-пошта
  © 2006 Шумарски факултет - Сите права се задржани