ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток
boxbox
ДРЕН здружение на студентите на Шумарскиот факултет во Скопје
„ДРЕН“ - Здружението на студенти на Шумарскиот факултет е основано во Скопје, општина Гази Баба, во 1999 година, од страна на ентузијасти и амбициозни студенти на Шумарскиот факултет.
ДРЕН е неполитичка, невладина, непрофитна и независна студентска организација
Основни дејности на ДРЕН се:
– Поттикнување на активности кај студентите од шумарство и озеленување и унапредување на животната средина за збогатување на нивните стручни познавања и искуства,
– Обезбедување и дистрибуција на информации до студентите од областите на шумарство и животна средина,
– Претставување на нивните професионални интереси на меѓународен план, како и размена на студенти преку меѓународна соработка со сродни факултети и стручни невладини организации.
Во ДРЕН може да членуваат студенти и од други факултети и универзитети, без разлика на нивната родова или етничка припадност.
Членовите на ДРЕН се успешни студенти, со висок просек на студии, постдипломци (на Шумарскиот факултет во Скопје и надвор од земјава). Голем дел од поранешните членови сега се вработени во престижни институции и организации (УКИМ Шумарски факултет во Скопје, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП Македонски шуми, ЈП Паркови и зеленило, национални паркови, FAO, SNV и др.).
ДРЕН е членка на Меѓународната организација на студенти од шумарството (IFSA).
Од своето основање до денес, Здружението има остварено повеќе проекти, размени на студенти и активно учество на меѓународни натпревари, организација на планинарски научно-едукативни тури, учество и организација на еколошки акции и пошумувања, научно-едукативни презентации од област на животната средина, учество на годишни средби на еколошки здруженија на граѓани, соработка со министерства, национални паркови и јавни претпријатија, како и реализација на национални и меѓународни проекти.
Контакт информации:
ДРЕН - Здружение на студенти на Шумарски факултет Скопје
ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, 1000 Скопје
Тел: (02) 3135 033, л. 143
Е-пошта:
       dren@sf.ukim.edu.mk
Интернет-страница:
       http://www.sf.ukim.edu.mk/dren.htm
       http://www.sf.ukim.mk/dren.htm
       https://dren2017.wordpress.com
       https://www.facebook.com/ngodren
       http://www.sf.ukim.edu.mk/dendropark
box box