ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ Лого-УКИМ   
  Бул.Александар Македонски бб • 1000 Скопје • тел.(02) 3135033 English   
 
на почеток


ДРЕН - Здружение на студентите на Шумарски факултет


Здружението на студенти на Шумарски факултет ДРЕН е основано во Скопје во 1999 година, од страна на амбициозни и студенти-ентузијасти од Шумарскиот факултет.

ДРЕН е неполитичка, невладина, непрофитна и независна студентска организација.

Основна дејност на ДРЕН е поттикнување на активности кај студентите од шумарство и озеленување и унапредување на животната средина, со што во голема мера ќе се развиваат и збогатуваат нивните искуства и стручни познавања.

Истовремено, ДРЕН има благородна задача да обезбедува и дистрибуира информации до студентите кои ги изучуваат областите шумарство и животна средина, како и да ги претставува нивните професионални интереси на меѓународен план.

Значајно место заземаат напорите на членовите на ДРЕН за меѓународна размена на студенти соработувајќи со други факултетски и невладини организации од шумарството и животната средина.

Во ДРЕН може да членуваат и студенти од други факултети и универзитети, без разлика на родова и етничка припадност.

dren@sf.ukim.edu.mk

 

   
Вести, збиднувања ...



 

Студентски активности
• ДРЕН – Здружение на студентите на Шумарски факултет
• IAESTE

• Збиднувања

 

Линкови
• УКИМ
• ЈП „Македонски шуми“
• Проверка на Е-пошта
  © 2006 Шумарски факултет - Сите права се задржани