• ТРОШОЦИ НА ЖИВЕЕЊЕ, СМЕСТУВАЊЕ И ОБРОЦИ
• МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ
• МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СТУДИРАЊЕТО
• КАНЦЕЛАРИЈА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
• СТУДЕНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ПРОГРАМИ
• СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ
• СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
ТРОШОЦИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, ОБРОЦИ И СМЕСТУВАЊЕ
• Сместување во Скопје
Покрај приватното сместување, студентите од Шумарскиот факултет можат да се сместат во Студентски центар - Скопје кој располага со следниве студентски домови:
• Студентски дом „Гоце Делче” (тел. 3075 185 за блоковите А и Б и тел. 3063 306 за блоковите В и Г)
• Студентски дом „Кузман Јосифовски Питу” (тел. 3228 844 - портирница и тел. 3228 138-управник)
• Студентски дом „Стив Наумов” (тел. 3116 175-машка зграда, тел. 3220 575-женска зграда и тел. 3116 175-бараки)
• Студентски дом „Невена Георгиева Дуња” тел. 3238 910)
Начинот и условите за аплицирање, роковите, местата и потребните документи се утврдуваат по пат на конкурс кој се објавува во дневниот печат.
Цената за сместување во Државниот студенски центар зависи од студенската населба-дом и се движи од 3100 денари до 3600 денари. За овие сретства добиваат сместување и за 4000 студенски бонови. Боновите се користат за исхрана во студенскиот дом-населба, во менза, бифе или продавница.
Студентите од внатрешноста кои се сместени во приватни објекти месечно плаќаат по 3000 денари за сместување и од 1000 до 1500 денари за месечни трошоци (вода, струја, парно, телефон).
• Исхрана и превоз
Со извршено анкетирање е пресметано дека еден студент месечно троши по 6000 денари во кои се вклучени превоз, храна и трошоци поврзани со факултетот.
За исхрана на студентите конкретно на Шумарскиот факултет можат да се користат објектите на студенската насеба Стив Наумов и приватните угостителски објекти во близина на факултетот. Во подрумските простории на факултетот е сместено и бифето на Шумарски факултет „ВЕСЕЛО ШУМАРЧЕ” коешто работи секој работен ден од 09-14:30 часот.
Билетот за превоз со автобусите на Јавното сообраќајно предпријатие Скопје изнесува 1100 денари и има важност еден месец.
МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ
Во склоп на студенскиот дом Кузман Јосифовски-Питу постои и Универзитетска амбуланта и аптека наменети за студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Секој студент со запишувањето е должен да изврши системаски преглед во амбулантата со што се евидентира и се стекнува со право на користење на сите услуги.
МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СТУДИРАЊЕТО
Секоја година, Министерството за образование на Република Македонија распишува конкурс за:
• стипендии за талентирани студенти и
• студентски кредити
Студентите можат да аплицираат за наведените видови финасиска помош согласно со конкурсот што го објавува Министерството во дневниот печат. Подетални информации можат да се добијат на адреса: Министерство за образование и наука, ул. Димитрие Чуповски бр 9, 1000 Скопје, тел: ++389 (2)3117-277, факс:++389 (2)3118-414, e-mail: contact@mofk.gov.mk, Интернет страница: http://www.mon.gov.mk
СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
Студентските прашања се Служба на факултетот која се грижи за сите административни прашања поврзани со студирањето. Службата за студентски прашања е надлежна за упис и заверка на семестрите, исполнувањето на соодветните услови, закажување, примање пријави и техничко организирање на испитите, водење индивидуални досиеја за студентите, издавање потврди и уверенија за статусот и за успехот на студиите и слично.
Службата за студентите обезбедува информации кои се однесуваат на административно - техничките прашања за студиите, и е на располагање на студентите.
Сместена е во приземјето во централниот дел на факултетот.
СТУДЕНТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ПРОГРАМИ
• Сојуз на студенти на Шумарски факултет
Сојузот на студенти на Шумарскиот факултет е организација која ги штити интересите на студентите. Од самото основање на факултетот до денес дејствува како автономна невладина и непартиска организација. Членка е на Сојузот на студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” - Скопје. Секој студент со запишувањето на факултетот станува член на студенската организација. Основна задача е следење и решавање на образовните, културните, економските прашања и проблеми на студентите како и грижата за студенскиот стандард. Сојузот може да го контактирате на телефон 02/3135033 лок.261 или на e-mail: sssf@sf.ukim.edu.mk.
• Студентски правобранител
Студентскиот правобранител при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” се грижи студентите во целост да ги остваруваат правата кои им се загарантирани согласно важечките прописи. Доколку студентите сметаат дека им е оневозмозено остварувањето на некое право, може да го контактираат Студентскиот правобранител кој со директно обраќање до соодветниот факултет ќе ги добие сите информации и ќе може да Ви помогне во целост да ги остварите своите права.
Студентски правобранител е доц. д-р Ана Павловска-Данева, која што можете да ја контактирате на телефон: 02/3117-244, локал 149 или на e-mail: anapd@pf.ukim.edu.mk
• ИАЕСТЕ Македонија
ИАЕСТЕ Македонија (International Organization for the Exchange of Students for Technical Experience) е неполитичка, независна, невладина, волонтерска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Преку ИАЕСТЕ студентите имаат можност да стекнат работно искуство на професионален план, да бидат во тек со актуелните технички достигнувања кои се применуваат во светот, како и многу нови контакти и пријателства. ИАЕСТЕ Македонија има околу 300 членови.
На чело на ИАЕСТЕ стои петчлено претседателство избрано со гласање од полноправните членови на организацијата. Претседателството се состои од Национален секретар, oдговорен за финансии, oдговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, oдговорен за странски студенти кои остваруваат пракса во Македонија и oдговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од две години.
ИАЕСТЕ Македонија има два локални комитета: локален комитет-Скопје и локален Комитет-Битола.
Член на ИАЕСТЕ може да стане секој редовен студент на следниве факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”: Електротехнички, Машински, Градежен, Архитектонски, Технолошко-металуршки, Шумарски, Земјоделски, Природно-математички, Рударско-геолошки, во рамките на локалниот комитет во Скопје, потоа на Tехничкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во рамките на локалниот комитет- Битола, како и интердисциплинарните студии организирани на тие факултети. Студентот треба да плати членарина од 300 денари годишно.
Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот од предметите што ги слуша, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси, пред другите студенти.
Некои од активностите кои студентот може да ги извршува се: обезбедување на стручна пракса за странски студенти во наши фирми, присуство во медиумите, компјутерска обработка и осмислување на маркетингшки материјал, одржување на веб страната на организацијата, наоѓање на спонзорства имајќи предвид дека ИАЕСТЕ Македонија во целост е студентска организација без постојан извор на приходи, за разлика од други комитети на ИАЕСТЕ низ светот.
Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и јавно.
Доколку сте заинтересирани контактирајте ја Марија Радеска (Одговорен за нашите студенти) marija.radeska@iaeste.org, http://www.iaeste.org.mk
• ДРЕН (Здружение на студенти на Шумарски факултет)
Здружението на студенти на Шумарски факултет ДРЕН е основано во Скопје во 1999 година, од страна на амбициозни и студенти-ентузијасти од Шумарскиот факултет.
ДРЕН е неполитичка, невладина, непрофитна и независна студентска организација. Основна дејност на ДРЕН е поттикнување на активности кај студентите од шумарство и озеленување и унапредување на животната средина, со што во голема мера ќе се развиваат и збогатуваат нивните искуства и стручни познавања.
Истовремено, ДРЕН има благородна задача да обезбедува и дистрибуира информации до студентите кои ги изучуваат областите шумарство и животна средина, како и да ги претставува нивните професионални интереси на меѓународен план. Значајно место заземаат напорите на членовите на ДРЕН за меѓународна размена на студенти соработувајќи со други факултетски и невладини организации од шумарството и животната средина.
ДРЕН е членка на Меѓународната организација на студенти од шумарството (IFSA). Во ДРЕН може да членуваат и студенти од други факултети и универзитети, без разлика на родова и етничка припадност.
Контакт:
ДРЕН - Здружение на студенти на Шумарски факултет
Бул. Александар Македонски бб
МК-1000 Скопје
Тел: 02/3135-033 лок.143
Е-пошта: dren@sf.ukim.edu.mk
IFSA (International Forestry Students’ Association) http://www.ifsa.net
СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ
Градот Скопје и неговата околина, на студентот како млад човек му нуди голем избор на слободни активности. За рекреација и спорт можат да се користат многубројните објекти за таа намена или пак едноставно кејот на реката Вардар и парк шумите Водно и Гази Баба за прошетка. Овде може да се вбројат кината, театарски престави и слични активности кои се во функција на културно изградување на студентите и можност за рационално користење на слободното време.
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
Спорските активности се потикнуваат и негуваат на Шумарскиот факултет под мотото Шумарски- секогаш први. Студентите спортисти на факултетот нижат успеси во кошарката, фудбалот, ракометот и други спортови. Секоја година се организираат екипи во спортовите за кои има интерес. Координација за спортските активности врши Сојузот на студенти на Шумарски факултет.
|