ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТЛого-УКИМ   
  Бул.Александар Македонски бб • 1000 Скопје • тел.(02) 3135033 English   
 
на почеток  •  додипломски студии  •  студиски програми


Наставен предмет:
УРБАНА ДЕНДРОЛОГИЈА

Код:

ШШ251

Фонд на часови:

3+2

Кредити:

6

Потребни предзнаења:

Ботаника, Дендрологија

Цел:

Урбаната дендрологијата ги изучува позначајните хортикултурни дрвја и грмушки од автохтоната и алохтоната дендрофлора, со посебен осврт на вариететите и формите кои се користат во урбаните средини и нивната адаптивна способност.

Кратка програма:

Класа голосемени (GYMNOSPERMAE); Класа  скриеносеменици (ANGYOSPERMAE) (Со посебен осврт на декоративните вариетети и форми, како и нивната способност за адаптација во урбаните средини и еколошките услови.)

Литература:

1. E.Vukicevic: Dekorativna dendrologija;
2. Ц.Џеков: Дендрологија;
3. C.Silic: Atlas drveca I grmlja;
4. C.Silic: Ukrasno drvece I grmlje

Настава и учење:

Предавања 3 часа неделно (13 х 3 =39часови,вкупно), вежби 2 часа неделно (13 х 2 = 26 часа, вкупно) и теренска настава (2 х 5 = 10часа,вкупно). Вкупно 75 часа.
Наставата се изведува во форма на предавања, вежби, теренска настава(посета на паркови, расадници, градско зеленило, дворни хортикултурно решени простори  и  др.) и консултации.

Проверка на знаење и оценување:

Посета на предавања (6-10 бода),вежби (6-10 бода), семинарска работа ( 12-20 бода).
Проверката на знаењето се врши преку континуиран испит преку задолжителни три проверки на знаењето (3 х 10-20 бода), или преку завршен испит (30-60 бода). За остварување на кредитот потребни се минимум 24  бода од посета на предавања,вежби и семинарска работа и минимум 30 бода од континуираното испрашување (3 х 10 = 30 бода) или пак минимум 30 бода од завршното испрашување. Завршната оцена се формира по следниов критериум : 54- 60 бода оценка 6, од 61-70 бода оцена 7, од 71-80 бода оцена 8, од 81-90 бода оцена 9 И од 91-100 бода оцена 10.

   
Вести, збиднувања ...



 

Студентски активности
• ДРЕН – Здружение на студентите на Шумарски факултет
• IAESTE

• Збиднувања

 

Линкови
• УКИМ
• ЈП „Македонски шуми“
• Проверка на Е-пошта
  © 2006 Шумарски факултет - Сите права се задржани