ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТЛого-УКИМ   
  Бул.Александар Македонски бб • 1000 Скопје • тел.(02) 3135033 English   
 
на почеток  •  додипломски студии  •  студиски програми


Наставен предмет:
ПЕЈСАЖ И ДИЗАЈН НА ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

Код:

ШШ252

Фонд на часови:

3+2

Кредити:

6

Потребни предзнаења:

Слободно цртање со пластично оформување, Дендрологија, Урбана дендрологија, Перени и едногодишни растенија, Парковска архитектура

Цел:

Курикулумот по овој предмет обезбедува основа за аранжирање на растенијата според нивната форма, текстура и боја, со посебен осврт кон процесот на планирање, графичката комуникација, екологијата, изборот на растенија и пејсажното дизајнирање како и методите на конструирање на зелените површини. Една од основните цели на пејсажниот дизајн е да ја вклопи човечката технологија (зградите и архитектурата) во околната средина и со тоа да создаде хармоничен однос помеѓу природата (човековата околина) и потребите на луѓето.

Кратка програма:

Вовед; Принципи во пејсажниот дизајн; Стилови во пејсажниот дизајн; Функционално користење на пејсажниот дизајн; проучување на земјените форми; Планирање и промени на земјените форми; Процес на пејсажно дизајнирање; Цртање и графички презентации; Компјутерите во пејсажниот дизајн; Растенијата и архитектурата; Обликување со растенијата; Избор на растенија и нивно користење; Конструкциски материјали и спецификации; Дизајнирање на автоматски системи за наводнување.

Литература:

1. Brooks John: Дизајн Врта;
2. Hannebaum L.G.: Landscape Design;
3. В. Андоновски: Пејсажен дизајн (скрипта во припрема)

Настава и учење:

Предавања 3 часа неделно (15 х 3 = 45), вежби 2 часа неделно (13 х 2 = 26), теренска настава 2 дена, односно 4 часа, вкупно 75 часа.

Проверка на знаење и оценување:

Континуирано присуство на предавања и вежби (мин. 6 бода, макс. 10  бода); Семинарска работа: ( мин 12, макс. 20 бода); Испит: парцијален (4 х 15 бода = 60 бода) мин 35, макс 70 бода; завршен испит (без парцијален) мин 35, макс 70 бода.
Формирање оцена: 60-68 бодови - оцена 6; 69-76 бодови - оцена 7; 77 - 84 бодови - оцена 8; 85-92 бодови - оцена 9; 93 - 100 бодови - оцена 10.

   
Вести, збиднувања ...



 

Студентски активности
• ДРЕН – Здружение на студентите на Шумарски факултет
• IAESTE

• Збиднувања

 

Линкови
• УКИМ
• ЈП „Македонски шуми“
• Проверка на Е-пошта
  © 2006 Шумарски факултет - Сите права се задржани